Наместо зграда, катна гаража ќе се гради до пазарчето во Ѓорче
Со мнозинство гласови советот на Општина Ѓорче Петров изгласа отпочнување на постапка за измена и дополнување на ДУП за Градска четврт СЗ 15, Блок СЗ 15.03, за обезбедување локација за нова катна гаража!
„По години на недостаток на паркинг простор во Реонскиот центар, конечно се преземаат конкретни чекори за решавање на овој проблем кој го мачи секојдневниот живот на жителите. Катната гаража ќе биде лоцирана непосредно до Реонскиот центар, на местото кое сега се користи како паркинг, и ќе обезбеди повеќе паркинг места!
Ова е само дел од напорите на општината да ги подобри условите за живот и инфраструктурата во нашиот град. Заедно ја градиме иднината на Ѓорче!“, напиша градоначалникот, Александар Стојкоски.