Македонија

Велибор Манев-каменорезацот поплочуваше кај татко ми, па Панче го тужеше, не должел никому, сведочеше ќерката на убиениот

Сведокот Ана Киркова, ќерка на грабнатиот и убиен Панче Жежовски, раскажа за деновите кога татко и го немало. Раскажа за познанството помеѓу обвинетиот Велибор Манев и Панче. На прашање од Љупчо Палевски-Палчо, дали Панче имал контакт со него, сведокот рече дека татко и никогаш не разговараше со кого контактира. По два дена откако не кревал на телефон, сопругот на ќерката отишол да види што се случува – а внатре биле оставени вклучени, ламбата и греалката.

„Од средата татко ми веќе го немало, ѕвонам – татко ти го нема. Пријателката го барала, викам може да не им се јавува на нив. Беше чесен, праведен. Почнав да ѕвонам – мене мора да де јави. Но, не ми крена, помислив работи нешто, се занимава низ дворот, стар човек. Околу 16 часот со сопругот отидовме дома. Почна да ме фаќа паника. Татко ми го нема никаде и отидовме во полиција и пријавивме“, раскажа Киркова.

Таа посочи дека обвинетиот Велибор Манев работел на поплочување во куќата на татко и.

„Го изнајми за да направи поплочување. Околу бекатонските плочки татко ми не беше задоволен. Не можам да се сетам. Мислам дека татко ми тужеше. Не ни кажуваше ништо не сакаше да не вовлекува во проблемите негови“, додаде сведокот Киркова.

Таа раскажа дека со татко и се гледале еднаш неделно, не сакал внимание и им викал да си ги гледаат децата.

„Јас си сопругот пријавивме дека го нема татко ми. Живееше надвор од градот на 15 минути. За жал живееше сам. Татко ми не сакаше околу него да се обрнува внимание, водеше здрав живот, еднаш неделно ако се видевме. Не сум јас старец, велеше ‘оди дома гледај си ги децата’. Ние пријавивме дека него го нема. Полиција почна да го бара“, додаде Киркова.

На почеток