Македонија

Доколку пушите, ова задоволство ќе ве чини и по 10 денари поскапо

Некои видови на цигари се продаваат поскапо за 10 денари. Трговците велат дека до крајот на неделата и останатите ќе поскапат, а неофицијално, причината е да се пресретне јануарското поскапување на акцизата, со што ќе одат повеќе пари во државната каса.

Станува збор за дел од брендовите Родео, Бос, Давидов и Вест.

Според измените на Законот за акцизите, кои стапија на сила од почетокот на годинава, предвидено е усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.

Според измените на Законот за акцизите усвоени во октомври 2023 та, цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари. Со овие измени, Владата предвиде дополнително зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.

Инаку, Македонија има меѓу најниските цени на цигарите во регионот, што ја прави водечка по бројот на пушачи.

На почеток