Македонија

Гаши ќе учествува на 3. Парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа во Рига, Латвија

На 23 и 24 октомври 2024 година, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Република Латвија.

Претседателот Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Република Латвија.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели

На почеток