Скопје

Посетителка на ЗОО Скопје се тестираше за птичји грип

Посетителка на ЗОО Скопје на свое барање се тестираше за птичји грип. Таа прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје.

Се чекаат резултатите од тестот.

Според директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип.

На почеток