Скопје

Стефковски: Изградено ново детско катче во Црешево кое е 50 по ред во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во населеното место Црешево каде што се изгради ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.

Местото на кое се изгради новото детско забавно катче многу често во минатото претставуваше простор на кој се создаваше дива депонија, а истото денес е комплетно уредено со павер елементи, поставена е урбана опрема и изградено е ново детско забавно катче, вели градоначалникот Стефковски.

Ова е 50 по ред, детско забавно катче кое општината го има изградено во изминатите три години од мандатот на градоначалникот Бобан Стефковски.

Детски забавни катчиња во минатото се изградија во Автокоманда, Железара, Керамидница, Триангла, Маџари, Ченто, Стајковци, Инџиково, Трубарево, Гоце Делчев, Колонија и други населени места, соопштија од општината.

На почеток