Македонија

Приведен крадец во Куманово

Вчера во 20.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 25-годишниот Л.Ш. од Куманово затоа што истиот ден на улица „Браќа Миладиновци“ во Куманово одзел чанта на Б.В.(79) од Куманово.

Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На почеток