Македонија

Пронајдени 32 гранати од Првата светска војна на локален пат во село Новаци

Вчера во 12.00 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при извршување градежни работи на локален пат во село Новаци била пронајдена граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување излегол на местото и констатирал дека биле пронајдени 32 гранати калибар 75 мм од Првата Светска Војна, кои биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

На почеток