Македонија

Меџити ја правдаше фотографијата со албанското знаме во Обединетите нации, каде отиде платен од Македонија

На прашање за сликата со албанското знаме при посетата на Обединетите нации, вицепремиерот Изет Меџити, истакна дека меѓу бројните знамиња било албанското, но и државното на Македонија од кои биле објавени слики.

„Јас сум претставник на Владата на Република Македонија и се сликав пред државното знаме, но воедно јас сум албанец и тоа не го кријам. Во нашиот Устав на Република Северна Македонија стои дека сме дел од албанскиот народ.“ истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.

Според Меџити едното знаме е државно (македонското), а другото е на сите Албанци ширум светот, а не само на државата Албанија. Тој истакна дека Косово е нова држава со сопствено државно знаме, но во различни пригоди секој се идентификува и го употребува албанското знаме коешто има историја од времето на Скендербег.

Според Изет Меџити без разлика дали некој албанец е во Њујорк, Истанбул, Македонија или Грција сите имаат државни знамиња кои ги почитуваат, но како Албанци се идентификуваат со тоа знаме, уште од времето на Скендербег.

(Фото) Меџити на државна сметка во ОН: Се сликаше пред албанско, но не и пред македонско знаме

На почеток