Мицкоски и Муцунски на самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта
Од
Објавено на
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за европски прашања, Тимчо Муцунски денсеска учествуваа на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија.
„Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија“, извести Мицкоски.
Премиерот ќе има излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување.