Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Арсовска до Мицкоски: Aко јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
mickoski-arsovska

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз“, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти “патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.

— реклама —

Ајде „патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.

— реклама —

„Патриоту“ Мицкоски, се што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.

— реклама —

Претходно ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение ја нарекоа Арсовска „самопрогласена реформаторка на јавниот сообраќај која повторно го довела главниот град на раб на колапс“. Од ВМРО-ДПМНЕ ја прогласија градоначалничката за „кума на хаосот“.

„Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryds08q1od62ad8PfXuSa

Мицкоски: Далекуводот Битола–Елбасан ја затвора енергетската празнина на Коридор 8

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Премиерот со критика за академската заедница: „Не може да се тоне и да не се бара решение“

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

benziska-guzva-goriva

„Македонија е единствената земја во регионот која ги намали цените на горивата“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања