Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

„Македонија е единствената земја во регионот која ги намали цените на горивата“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
benziska-guzva-goriva

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во однос тоа дали ќе се продолжи мерката намалено ДДВ од 18 на 10% за горивата и дали можеби ќе се интервенира во акцизата, бидејќи се чека предолго со оглед на тоа што се поскапени горивата без разлика што се поевтини од оние земји во регионот, изјави:

 „Јас можам да кажам дека единствената земја во регионот којашто оваа недела не ги покачи, односно ги намали цените на горивата, е Македонија. Безоловниот 95 и 98 октански е намален за 2,5 денари, а дизелот не се покачи. И тоа е резултат на одлука на Регулаторната комисија, тоа е прво.

Второ, убедливо имаме најевтини цени на горивата во регионот. Тоа значи дека, ако кај нас безоловниот се движи од 1,33 евро центи за литар до 1,39 евро центи за литар, 95, 98 октанскиот и ако дизелот е некаде околу 1,5 – 1,53 евро центи за литар, да речеме во соседна Албанија и Грција е над 2 евра, во соседна Србија е од 1,81 до над 2 евра, во Косово исто така. Во Германија веќе имаме и до 3 што стигаат евра, цените по литар и во останатите европски земји.

Со други зборови, во овој прв месец, во историски најголемата нафтена криза, после онаа од 73-та, односно седумдесеттите години на минатиот век, ние како држава рефлектираме стабилност и сигурност и план да се справиме со овој предизвик. Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутно никаква причина за страв од немање енергенси, воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати. Што ќе се случува за месец, два, три, пет, не знаеме. Можеме да претпоставиме, да собираме информации, да анализираме и да носиме одлуки. Предизвици ќе има, тоа не зависи од нас. Зависи од други фактори во светот, но ние како Влада ќе реагираме исклучиво во интерес на граѓаните.

Ме прашавте дали ќе ја продолжиме мерката, апсолутно доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка, сѐ додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката. И ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање, вие споменавте, тука се, се разбира акцизите, ни стојат сеуште на располагање.

Она што е можеби позитивна вест, е што утрово суровата нафта од типот ВТИ и од типот Брент е околу стотина долари за барел, значи имаме благо намалување. Ќе видиме до петок како ќе се одвива сето ова, па на крај на ден во петок, кога ќе заврши тргувањето, ќе можеме да знаеме која ќе биде цената отприлика, којашто во понеделник Регулаторна комисија би ја донела. И врз основа на тоа ќе носиме одлука за време на викендот, ако треба вонредна седница на Владата ќе свикаме и тоа ќе го направиме.

Така што да сумирам. Единствена држава којашто ги намали цените, единствена држава во регионот и можеби најдобра во Европа, што се однесува до цените на нафтата и нафтените деривати, од аспект на количини граѓаните да бидат спокојни има доволно. Ситуацијата ќе ја следиме и во зависност од ситуацијата, така ќе реагираме. Предизвици ќе има, но тие предизвици не зависат од нас, тие зависат од глобалната состојба. Да не создаваме паника, состојбата е под контрола за разлика од некои минати времиња кога паниката беше и неспособноста и криминалот и корупцијата, второ име на некои претходни Влади.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4r2ei7icocg038e47y2

„Опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик“ , вели Мицкоски

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

„Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година“ , вели Мицкоски

Македонија | пред 20 часа

media-libraryfcp3gat9f857ejEJcH5

Мицкоски: Кичево се гради и развива, ги исполнуваме ветувањата дадени пред кичевчани

Македонија | пред 20 часа

media-library55gdkreqhdepdnmWIVp

Премиерот шокиран од запирањето на истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања