Пакистанец фатен со дрога, Австриец од скопскиот аеродром однесен во станица
Ноќеска во 00.05 часот во Транзитниот центар Табановце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишиле од слобода А.Р.(25) од Пакистан затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и смолеста материја. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
На 10.11.2024 во 12.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, полициски службеници го привеле И.Н.Д.(26) од Република Австрија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.