Македонија

Разликите помеѓу Мој воздух/Aircare и другите апликации – На кој да верувате?

Креаторот на „Мој воздух“, Горјан Јовановски преку социјалните мрежи објасни зошто има разлики во податоците при следење на загадувањето на воздухот меѓу различните апликации.

„Периодов добивам повеќе прашања околку податоците што апликациите за следење на загадувањето ги имаат, па да ги разјасниме работите:

⁉️ Зошто гледам различни бројки на AirCare и IQAir?

– AirCare користи EU AQI како основен индекс за загадување, додека IQAir користи US AQI. Тие се тотално различни скали (едната од 0 до 100, другата од 0 до 500), па затоа кога гледате US AQI бројките се поголеми. Ако сакате да ги споредувате апликациите, AirCare во менито од страна нуди можност да се смени апликацијата во US AQI.

⁉️ Од каде доаѓаат податоците во апликациите?

– AirCare користи податоци од државни и од волонтерски мерни станици, додека IQAir користи само државни, што значи помало покривање и помалку податоци кога државните ќе се расипат.

⁉️ Зошто на IQAir гледам дека некои станици имаат податоци, а вие викате дека немаат?

– Зошто IQAir ги покажува последните податоци измерени од една станица, без разлика колку се стари, дури и по 12 часа. Во AirCare штом повеќе од 60 минути немаме нов податок, ја обележуваме станицата дека нема вредност. Транспарентноста е клучна.

⁉️ IQAir направи рангирање на Скопје на Х место во светот по загаденост!

– И да, и не. Прво, IQAir јавно не ја кажвуаат нивната методологија на рагинрање на градови. Второ, Скопје често е на топ листи во Европа, но на светско ниво има огромен број на градови во земји како Кина, Индија, Пакистан што се далеку позагадени. Без јасна методологија на кои градови се рангираат, и како, и колку често, IQAir само си прават можност за реклама од медиуми.

⁉️ Епа добро, на кое место е Скопје според загаденост?

AirCare прави многу појасно рангирање на градови низ светот. Нашата методологија споредува моментална загаденост на градови кои имаат над 300.000 жители, и може да се види и во апликацијата и на веб страната: https://getaircare.com/web/

⁉️ Ама апликација Х е од Швајцарија/Германија/Америка, сигурно е подобра?
– Апликација е, не е кола 🙂“, се вели во објавата на Јовановски.

На почеток