Свет

Возач со автомобил удри во пешаци, загинаа 35 лица: Детали за хоророт пред спортскиот центар во Кина

Околу 35 лица загинаа, а 43 се повредени кога автомобил удрил во група луѓе пред спортски центар во јужниот кинески град Жухаи, објави во вторникот државната телевизија CCTV.

Инцидентот се случил во понеделникот вечерта.

Возачот по инцидентот избегал, но набрзо бил уапсен и е во притвор, додека истрагата продолжува.

Државните медиуми претходно објавија дека повредените се пренесени во четири болници, а само во една болница примени повеќе од 20 лица.

Снимките по инцидентот покажуваат луѓе како лежат на патеките за џогирање и блиските полиња, додека чевлите се расфрлани наоколу.

Многумина од повредените биле облечени во спортска облека.

На почеток