Македонија

Штекли е вон животна опасност по експлодираната бомба во неговиот дом

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема тешки повреди, дознава „Скопје1“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба, фрлена во неговата семејна куќа. Сепак, директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов, каде бил пренесен Трајковски-Штекли, вели дека се прават и дополнителни анализи.

„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, доиследувања се прават во моментов“, вели доктор Настов за „Скопје1“.

Засега не се фатени лицата кои ја фрлија бомбата во семејната куќа. Според МВР, други повредени нема. Ова е трет напад врз Штекли.

Претходно, во него два пати беше пукано додека шеташе низ трговскиот центар „Ист гејт мол“. Беше погоден и во белодробното крило, но се спаси. Двете ликвидации биле добро планирани, а од беа објавени и снимки од моментот на пукање.

Штекли е добро познат во скопското подземје и криминалните кругови. Еден период се поврзуваше со т.н. група „Барон“ од Чаир.

На почеток