Пет лица уапсени во Кочани, извршен и претрес


Пет лица, од кои едно од Куманово, а по двајца од Кочани и Виница се уапсени вчера попладнето при рутинска контрола. Полицајците извршиле проверка во автомобилот „мерцедес“ со кој се возеле.
„Лицата О.С.(18) од Куманово, М.А.(54) од Кочани, Е.М.(25) од Виница, Џ.А.(34) од Виница и С.М.(38) од Кочани биле затекнати во патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Џ.А. од Виница, и при преглед кај нив, кај С.М. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана“, велат од МВР.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на еден од осомничените, при што биле пронајдени и одземени дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
