Македонија

Прегазен пешак во Куманово, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Н.А. од село Романовце, кумановско, удрило во пешакот, 85-годишниот Б.А. од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На почеток