Скопје

Ново инклузивно игралиште во Карпош

Општината Карпош даде согласност локалната самоуправа да ја комплетира целокупната техничка документација за завршната фаза за аплицирање на јавниот повик за добивање грант за објект – урбана опрема во вредност од 56.387 швајцарски франци или во денарска противвредност од 3.044, 898.00 денари од Швајцарската агенција за соработка и развој.

Средствата ќе се наменат за реализација на проектот „Детско инклузивно игралиште“, кое треба да биде лоцирано во Урбаната заедница Влае 1 кај плоштадот Делфина, веднаш до постојното детско игралиште.

Игралиштето ќе биде изградено на земјиште чиј корисник е Општина Карпош, а ќе зафаќа површина од 450 квадратни метри.

Заменик-раководителката на Секторот за развој при Општина Карпош, Александра Теова, нагласи дека станува збор за инклузивен проект, кој ќе опслужува деца со посебни потреби од повеќе општини, а не само од општина Карпош. Предвидената локација во населбата Влае со близина е адекватна и за соседните Ѓорче Петров и Сарај.

Во оваа фаза од огласот Општина Карпош е прворангирана со вкупно 45 бода, пред општините Сопиште и Ѓорче Петров.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток