Арсовска си разреши уште еден директор: Заминува Умленски од „Улици и патишта“ – за нецели три години, сменети 30 директори
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го тргна Ванчо Умленски од позицијата директор на ЈП Улици и патишта, дознава „Скопје1“. Тој успеа да ја задржи функцијата нешто повеќе од пет месеци. Беше промовиран како кадар кој ќе ги надмине предизвиците со кои претпријатијата се соочуваат. Засега не се познати причините поради кои Умленски е променет.
Прашавме во Град Скопје која е причината за новата промена во „Улици и патишта“, но оттаму не очекуваме одговори со оглед на праксата на нетрапснаретност и неодговарање.
Арсовска за нецели три години смени 30 директори кои сама ги постави, како и тројца секретари, за сега да го врати Зоран Глигоров кој во јавноста беше познат по пријавата за семејно насилство, според кои, посегнал и по пиштол за себеповредување.
Во јуни 2023, Арсовска од функцијата директор на ЈП „Улици и патишта“ го разреши директорот Саит Саит, само два месецa откако му додели менаџерски договор на 4 години. За нов в. д. директор го назначен Ќамил Ковачи од т. н. огнено крило на ДУИ од Општина Сарај. На негово место беше назначен Умленски.
За состојбата во Скопје, поплаките за мобинг и закани, имаше сведоштва и во поткастот „Претрес со Ландов“.
За Данела Арсовска зборуваше и разрешената директорка Косана Мазнева од „Комунална хигиена“.
Работењето на Арсовска го соголуваше и нејзиниот поранешен советник, адвокатот Умејр Мухамеди.