Скопје

(Видео) Снимен моментот кога е фрлена бомбата врз Штекли

Снимка од надзорна камера е објавена на социјалните мрежи, а е од куќата на Раде Трајковски-Штекли. На неа се гледа моментот кога кон неговиот дом е фрлена бомба која експлодираше, но не му нанесе тешки повреди. Датумот на снимката е 14.11.2024 г., а времето што е прикажано е 9:16 часот наутро.

Трајковски се движи околу куќата, кога се доближува до црната капија, бомбата експлодира. Ова се два моменти кои можат да се видат, а кои оставаат впечаток дека лицата кои сакале да го убијат го чекале да излезе и да се доближи, пред да ја фрлат експлозивната направа.

МВР и натаму трага по сторителите. За тоа време, Трајковски објавува и натаму фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ги покажа раните на грбот од куршумите кои го погодија при претходните два напади, па потоа го бараше и кучето кое му избегало при нападот.

Трајковски-Штекли се врзува со скопското завојувано подземје, односно една од екипите кои водат битки.

На почеток