Македонија

За танцување треба двајца, вели Мицкоски и посочи „Не знам дали може да се направи исчекор во делот на евроинтеграциите“

„Не знам дали може да се направи исчекор во делот на евроинтеграциите, но знам дека ќе направиме се што е во наша моќ“, вели премиерот Христијан Мицкоски на прашање поврзано со отпочнување на пристсапните преговори со ЕУ, по цена внесување на Бугарите во Устав. Мицкоски укажа дека е подготвен за разговори кои ќе бидат суштински, но и дека останува на тоа дека уставните измени треба да бидат со одложено дејство.

„Ако има волја, има и начин и тоа не зависи само од нас зашто за танцување треба двајца, а некогаш можеби и повеќе. Во случајов, треба да имаме соговорник кој ќе биде подготвен да разговара“, рече Мицкоски.

Најави и борба со аргументи, па посочи дека идниот месец во два наврати ќе оди за Брисел. Но затоа, Радев кажа дека не е проблем само впишувањето на Бугарите во Уставот.

„Не е проблемот само во навременото впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Доколку државното раководство на РСМ навистина има желба за влез во Европската Унија, мора да ги исполни Преговарачката рамка и Договорот за добрососедство“, изјави Радев.

На почеток