Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски: Преговараме со инвеститори на поедноставен и пофлексибилен начин да го донесат гасот во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski-mato-8

„Единствен начин, за да делуваме веднаш е во оние средини каде што се користат дрвата или друг начин на затоплување, најчесто дрвен отпад, неретко и гуми. Не се тие корисници виновни, едноставно социјалната состојба е таква да бидат приморани да тоа го користат, биде замената со друг енергенс којшто е прифатлив за нив, а тоа е централно затоплување“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

„Како ќе дојдеме до централно затоплување најевтино, преку градба на когенеративни гасни постројки кои што во текот на зимата кога ни треба ќе произведуваат и електрична енергија и истовремено ќе произведуваат топла вода којашто преку топловоди ќе биде дистрибуирана до тие средини коишто денеска користат сосема поинаков енергенс којшто за жал емитува ПМ2,5 и ПМ 10 честички во воздухот. И тоа е 60 проценти од факторот којшто влијае врз загадувањето.

— реклама —

Ние работиме на неколку такви проекти. Токму од овде, одам на состанок во Владата со потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира една милијарда евра во ваков тип на производни капацитети. Тоа нема да биде по принципот како до сега, како што беше оној специјален закон, стратешки проект во Парламентот, на одење минатата Влада што го достави по привилегирани цени и така натаму. Сѐ ќе биде по пазарни услови. Преговорите се со инвеститори во кои што моја цел е и државата да биде дел од пакетот, да биде косопственик во самата таа инвестиција, нормално не со пари, со земја, со приклучоци и со слично. Затоа што цениме дека приватните инвеститори коишто имаат пристап до овој ресурс како што е гасот, можат на многу поедноставен начин и пофлексибилен начин, да го донесат тука, отколку државата. Така што ќе видиме како ќе завршат овие преговори. И ако биде сѐ како што треба, овој процес нема да биде преку ноќ. Но ќе почнеме, здравје Боже, во текот на идната година. Очекувам, во период до три години, сето ова да се заврши“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изградбата на гасни централи со кои ќе се влијае и на намалување на загадување на воздухот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryds08q1od62ad8PfXuSa

Мицкоски: Далекуводот Битола–Елбасан ја затвора енергетската празнина на Коридор 8

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Премиерот со критика за академската заедница: „Не може да се тоне и да не се бара решение“

Македонија | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

benziska-guzva-goriva

„Македонија е единствената земја во регионот која ги намали цените на горивата“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања