Македонија

Уште една голема победа: двајца пациенти кои добија органи од починат донор се во добра состојба

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба, овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ.

Од Министерство за здравство велат: „Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување – вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата.

На почеток