Скопје

„Покрај притисоците, ЈСП ќе се сообраќа редовно и со полн капацитет“ велат од Град Скопје, а по жестоките реакции во јавност

Од Град Скопје, без објаснувања, испратија соопштение во кое тврдат дека од утре автобусите на ЈСП ќе возат во полн капацитет. Тие посочуваат дека имало притисоци и дека без разлика на истите, ќе продолжат со работа. Но од Град Скопје, нема никакво објаснување на каков притисок мислат и кој го правел.

„Почитувани, Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, се вели во краткото соопштение на Град Скопје.

Викендов, имаше куп поплаки од граѓани за автобуси кои не се сообраќале на редовните линии.

Имаше и јавни објавни на социјалните мрежи во кои се повикуваше итно да се преземе нешто со превозот, во спротивно се најавуваше протест.

На почеток