Трагедија во Нови Пазар: пронајдено тело на дете
Дете без знаци на живот е пронајдено во приградската населба Блажево кај Нови Пазар утрово околу 7 часот.
Како што пишува „Санџак данас“, полицијата набрзо по пријавата дошла на местото на настанот.
Во моментов се води истрага за утврдување на околностите кои довеле до овој немил настан.
Жителите на Блажево, видно потресени велат дека вакво нешто никогаш не се случило во нивната заедница и дека се шокирани од глетката утринава.
– Не можевме да поверуваме кога слушнавме што се случило. Страшна трагедија – изјави еден од жителите на населбата.
Причината за смртта на детето засега не е позната, но се очекува дека повеќе информации ќе бидат достапни по обдукцијата и подетална истрага.