Македонија

Договорот за Коридор 8 е криминален, ама ако се раскине ќе останеме и без пари, и без автопат, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е касно за раскинување на договорот со „Бехтел и Енка“, за кој и натаму има став дека е криминален и антидржавен. Според него, треба да биде одговорен од позицијата која ја извршува, за да со платените пари, да се добие автопат.

„Мојот став за тој коридор не е променет. Но како одговорен политичар не би дозовлил да одам чекор назад од тоа што е почнато. На тој начин освен што освен покрај авансот, имајќи во предвид тој антидржавен договор, ќе завршиме на арбитража која ќе ја изгубиме и така ќе платиме уште нови 350 милиони долари, а ќе дојдеме до цифра од една милијарда. И нема да имаме ни километар автопат. Затоа рековме, да засукаме ракави, да се задржиме во рамки на сумата и да го изградиме овој проект. Мојот став е ист“, вели Мицкоски.

На почеток