Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) Историски договор, вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните 4 години, кажа Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-5

„Навистина можам да изразам големо задоволство од името на македонската Влада за овој би рекол историски момент, бидејќи за прв пат на долг рок се постигнува договор кога станува збор за зголемување процентуално на паричната маса која што е потребна за да се исплаќаат платите на здравствените работници“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

„Благодарност и до синдикалните организации и синдикатите кои што навистина конструктивно со свои идеи учествуваа во овој цел процес, заедно со како што веќе кажаа од страна на претставниците од синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, тука беше и Лазар Јовевски кој што е дел од мојот кабинет како мој советник за трудово право и заедно со останатите кои што беа вклучени.

Навистина постигнавме еден договор кој што има историска димензија, покрај овие коефициенти кои што зборувавме сега што би значело зголемување за 10 проценти на паричната маса која што се издвојува за плати. Веќе следната година во март месец ќе имаме дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници, следната година 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, да се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција, а работиме на тоа.

— реклама —

Истото тоа зголемување од 5 до 7 процени на паричната маса ќе биде и во 2027 година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 година. Или кога ќе го земете целиот овој период во низа добиваме зголемување на паричната маса потреба за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. Навистина нешто кое што претставува историско и јас очекувам дека во текот на следните денови, повторно и од Министерството за здравство и од Фондот ќе излезат со нови позитивни пораки за здравствените работници и со тоа го заокружуваме тој циклус.

Следно кое што следи е реформи во самиот здравствен систем за граѓаните го добијат она кое што го заслужуваат.

Уште еднаш за мене претставува големо задоволство кој што би рекол дека претставува историски настан и да посакам уште многу вакви убави заеднички моменти во иднина“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8rka6amil0a94Z35YqE

Филипче: Нема храброст кај Мицкоски да признае дека погрешил

Македонија | пред 4 часа

media-libraryds08q1od62ad8PfXuSa

Мицкоски: Далекуводот Битола–Елбасан ја затвора енергетската празнина на Коридор 8

Македонија | пред 2 дена

media-libraryb50468lm6jhn6SRLNQg

Премиерот со критика за академската заедница: „Не може да се тоне и да не се бара решение“

Македонија | пред 2 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања