Македонија

Казните за велешаните се ниски, ќе има жалба: Обвинителката ќе бара повисоки казни од Апелација за трговијата со дете и силувањето

Обвинителката Милица Гаврилова која ги гонеше велешаните за трговија со дете, силување и прикажување на порнографски материјал на дете, најави жалба во делот на изречените казни, уште пред писмено да биде испорачана пресудата. Според неа, казните се ниски и не се постигнува целта на казнувањето.

„Обвинителството ќе го искористи своето законско право на жалба по добивање на писмениот отправок на одлуката“, велат кратко од Обвинителството за „Скопје1“.

Ова доаѓа откако за трговија со дете на 15 години и силување, велешаните кои беа обвинети добија од 5 години и 6 месеци, па се до условна осуда. Судијката Даниела Димовска која ја изрече казната со судечкиот совет, рече дека ја земала во предвид возраста на жртвата (15 години) и возраста на обивинетите кои тогаш имале по дваесетина години. Притоа, посочи дека ги слушнала сите оправдувања на обвинетите па додаде: „Овој предмет има многу повеќе од една жртва“.

„Овој предмет покрена многу прашања, каде се движат малолетните деца, дали кокаинот е единствено нешто што ги прави среќни. Пред овој суд се изведоа многу докази. Техниките кои овие обвинети ги користат се метод на ‘љубовник’, кога жртвата емоционално ќе се поврзе, се користат сите други методи“, рече судијката при изрекување на пресудата.

Највисоката казна е за обвинетиот Димовски кој доби пет години и шест месеци кој беше обвинет дека со закани врз жртвата која имала 15 години, овозможил на другите обвинети да вршат полови дејствија врз неа.

1. Првообвинетиот Стефан Димовски доби казна затвор од пет години и шест месеци.
2. Дејан Спасиќ кој има малолетно дете, судот го осуди на четири години и шест месеци.
3. Димитар Наков кој има 27 години судот го осудува на четири години и шест месеци.
4. Тино Илиевски кој има 24 години судот го осудува на четири години затвор.
5. Савен Неделковски кој има 26 години го осудува судот на четири години.
6. Александар Филиповски кој има 24 години го осудува судот на 1 година и шест месеци.
7. Бојан Филиповски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.
8. Антонио Зогравски кој има 27 години судот го осудува на една година и шест месеци.
9. Трајче Лазов кој има 28 години, судот го осудува на затвор од една година и шест месеци.
10. Ристо Вељанов кој има 22 години, судот го осудува на една година и шест месеци.
11. Кристијан Дончев судот го осудува 1 година и три месеци.
12. Борче Коцев кој има 32 години, судот го осудува на условна казна

На почеток