Македонија

Ако има вооружен напад, само 18% од населението во Македонија има каде да се засолни, објави МКД

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) располага со 101 од вкупно 1.761 засолниште колку што има во Македонија во случај на потреба од засолнување од евентаулни последици, по дозволата што ја даде американскиот претседател во заминување, Џо Бајден американско оружје да се употребува на руска територија што ја зголемува опасноста од можна нуклеарна војна.

Од ДЗС за МКД.мк велат дека на цела тетиторија на Македонија има 185.465 засолнишни места, доволни да се засолни 18 отсто од населението. Во случај на потреба од засолнување на целото население потребни се вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Македонија. Западните земји веќе на големо се подготвуваат во случај на заострување на војната помеѓу Русија и Унгарија која може да ги надмине границите на овие две држави.

„На подрачјето на РСМ се потребни вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Републиката. Во сопственост на Дирекција за заштита и спасување Владата доделила 101 засолниште, од вкупно 1.761 засолниште. Во Скопје,  во сопственост на ДЗС се 16 засолништа“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување“,  велат од ДЗС за „МКД.мк“.

Што се однесува до другите градови, по Скопје, најмногу засолништа има во Кочани -13, Велес -12, Битола – 10, Неготино – 9, седум има во Пробиштип, по пет во Струга и Штип, по три засолништа има во Струмица и Тетово, по две во Берово, Гостивар, Охрид и Свети Николе и по едно засолниште има во Дебар, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Македонски Брод, Прилеп и Радовиш.

Извор/повеќе: МКД

На почеток