Скопје

Од понеделник приватните превозници се враќаат на улиците

Приватните превозници од понеделник ќе се вклучат во јавниот градски превоз, но не со полн капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе учествуваат само превозниците со финансиска можност. Тие апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата да одржат заеднички состанок и да најдат прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената по изминат километар. Јовица Зафировски посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во ЈСП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

-Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави денеска Јовица Зафировски.

На почеток