Свет

Русија е „екстремно агресивна и безмилосна во сајбер-сферата“, смета британски министер

Русија е „екстремно агресивна и безмилосна во сајбер-сферата“ и „никој не треба да ја потценува“ заканата за НАТО, е пораката што британскиот министер планира да ја пренесе во говорот на конференцијата на НАТО во Лондон во понеделник.

Пат Мекфејден, чие портфолио ја вклучува националната безбедност, на конференцијата на НАТО за сајбер безбедност ќе каже дека Москва „нема да размислува двапати за таргетирање на британските компании“, според деловите од неговиот говор објавени од неговото министерство во неделата.

„Никој не треба да ја потценува руската сајбер закана за НАТО. Заканата е реална. Минатата година руската војска и нејзината неофицијална армија на сајбер криминалци и хакери не само што ги засилија своите напади, туку и ги проширија своите цели за да вклучат бројни членки и партнери на НАТО. Овие групи се непредвидливи, тие дејствуваат без оглед на потенцијалните геополитички последици и со само една погрешна проценка можат да направат хаос на нашите мрежи“, се наведува во говорот.

Британски министер планира да ја „повика“ руската воена единица – наречена Единица 29155 – која наводно извршила сајбер напади во ОК и Европа, според Кабинетот.

Мекфејден планира да предупреди дека Русија може да користи таква тактика за да остави милиони луѓе без струја.

„Ова е скриена војна што Русија ја води со Украина“, се додава во говорот.

На почеток