Македонија

Доказите против Палевски за убиствата се цврсти, сменетата изјава на обвинетиот нема вредност, децидни се обвинителките

Сменетиот исказ на обвинетиот Влатко Кешишов кој сега го брани Љупчо Палевски-Палчо, нема доказна вредност во постапката. Ова го изјавија обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска пред почетокот на денешното судење. Тие се децидни: има материјални докази кои го поврзуваат Палевски со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази.

„Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето,“ изјави обвинителката Стојковиќ Димитровска.

Според обвинението, Кешишев ја водел полицијата до местото каде биле закопани жртвите и претходно изјавил дека Палчо е сторителот. Но, неговата нова верзија го негира тоа тврдење.

Судењето продолжува со испитување на сведоци предложени од обвинителството, а потоа ќе се разгледуваат материјалните докази кои треба да ја утврдат вината на обвинетите.

На почеток