Свет

(Видео) Општа тепачка во српскиот парламент, пристигнуваат нови снимки

Во српското Собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците откако опозиционерите прво кренаа транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обидоа физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнаа членовите на Владата.

Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанаа во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имаше жестока гужва.

Пратениците од опозицијата им извикуваа „Убијци, убијци“, мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија.

Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири претставниците.

На почеток