ЈП Комунална хигиена-Скопје реализира еко-предавања во скопските училишта и градинки
ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден започна со реализација на еко-предавања и работилници во скопските училишта и во предучилишните установи. Првото еко-предавање во оваа училишна година беше организирано во ООУ „Адем Јашари“ во општината Чаир и на истото присуствуваа триесетина ученици од четвртите одделенија.
Преку еко-едукацијата, нашите најмлади сограѓани се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со отпадот и на кој начин се врши неговата примарна селекција. Во рамките на предавањата, тие се информираат и за штетноста од создавањето диви депонии, како и за мерките што се преземаат против прекршителите на Законот за јавна чистота, велат од Комунална хигиена-Скопје.