Македонија

Ахмети се сретна со норвешкиот амбасадор во Хрватска: На регионот му треба стабилност и помирување

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во Загреб се сретна со амбасадорот на Норвешка во Хрватска, Арне Бјорнстад.

Претседателот Ахмети и норвешкиот амбасадор разговараа за политичката ситуација во регионот, европската интеграција на Северна Македонија, Охридскиот договор и владеењето на правото.

Претседателот Ахмети го информира норвешкиот амбасадор дека по претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, волјата на албанските граѓани не беше почитувана од мандатарот, се наведува во соопштението на ДУИ.

Стабилноста и безбедноста во земјата произлегуваат од Охридскиот договор кој ги регулира односите меѓу заедниците и гарантира мир, безбедност и стабилност.

Затоа, албанскиот јазик не треба да биде загрозен од политичките диктати на власта без етнички легитимитет.

Ахмети изрази загриженост и за отстапувањето од европската перспектива и тензиите во односите со соседите.

Ахмети нагласи дека се потребни два историски процеси во регионот, првиот, историско албанско-српско помирување со меѓусебно признавање на Косово и Србија, како и регионален договор на сите соседи, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово, за не загрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија, соопшти ДУИ.

На почеток