Скопје

Арсовска пак не се појави да одговара на прашања од советниците: Беспредметно е да чекаме

Данела Арсовска не се појави и на оваа седница за поставување на советнички прашања. Таа добила писмено барање да каже кога и одговара да одговара на прашањата кои ги имаат советниците како претставници на граѓаните – но не одговорила.

„Јас доставувам писмено барање, замолница до градоначалник да определи датум, во одреден ранг, за одржување на седница. Тоа го направив уште минатиот месец. Не добив одговор, никаков. Сега немаме присуство на градоначалник. Беспредметно е да чекаме, да даваме пауза. Одлуката е донесена. Констатирам дека не се исполнети условите за одржување на седница за советнички прашања“, рече Славески.

Дел од советниците сметаат дека ова е непочит на Арсовска кон нив, но истовремено, се коментира дека е само продолжување на инатот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката. Па по вакво постапување, се продолжува со негласање на одлуки предложени од Арсовска поради недоверба.

За потсетување, Арсовска и вчера одби да одговори на неколку клучни прашања кои редакцијата на „Скопје1“ и ги постави, а се однесуваат на секојдневни проблеми укажани од граѓаните, како и за пресметката со новинари.

На почеток