Македонија

(Видео) Левица поднесе измени на Кривичниот законик – семејно насилство да се гони по службена должност

„Во правниот поредок има директна колизија помеѓу Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и актуелниот Кривичен законик. Имено, додека Кривичниот законик телесната повреда при семејно насилство го означува како дело кое што се води по предлог, Законот за спречување семејно насилство го третира семејното насилство како јавно прашање и наложува гонење по службена должност“, кажа на прес-конференција, пратеничката од Левица – Јована Мојсоска.

„Токму поради ова, пратеничката група на Левица поднесе предлог-измена на член 130, став 5 од Кривичниот законик, со кои измени предлагаме и телесната повреда при семејно насилство да се гони по службена должност.

Праксата покажува дека најголем дел од кривичните пријави за семејно насилство се гонат токму по овој член и во голем дел од случаите, самите жртви на семејно насилство го повлекуваат предлогот за гонење на сторителот.

Сметаме дека е штетна одредбата која предвидува писмена согласност од жртвата за гонење на делото телесна повреда при семејно насилство.
Доколку делото телесна повреда при семејно насилство се гони по службена должност, тоа ќе ја олесни позицијата на жртвите и ќе обезбеди независна интервенција од страна на државата“, изјави Мојсоска.

На почеток