Скопје

Од утре приватните превозници ќе возат, со Арсовска се договирија цената да им се зголеми од јануари

Oд утре приватните превозници продолжуваат да возат редовно. Тие се откажаа од блокадата која беше најавена за во понеделник на неколку главни крстосници. Со градоначалничката Данела Арсовска се договорија експерти да одлучат колку да им биде зголемувањето на цената по изминат километар. До јануари, ќе возат по веќе одредената тарифа.

„Заклучно со 01.01.2025 година ќе стартуваме со нова цена, ќе се склучи анекс на договорот и ќе имаме ние нова цена. Очекувате поддршка од сите советници за иницијативата? Да, нормално, зошто да не, сите советници беа за да ни се даде покачување, дали ќе биде еден месец порано или подоцна, ние тука сме во служба на градот и очекуваме нормално дека ќе гласаат“,вели Јовица Зафировски, приватен превозник.

Советникот од СДСМ во советот на Град Скопје Гордан Шутаров смета дека ваквиот предлог ќе донесе долгорочно решение и стабилност за приватните превозници.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Мартин Стојановски кој ја напушти координативната средба во кабинетот на градоначалничката Арсовска не откри дали ќе ја поддржат иницијативата.

На почеток