Трамп се закани: Најдете други будали, нема шанси БРИКС да го замени американскиот долар
Од
Објавено на
Новиот американски претседател Доналд Трамп, побара од земјите-членки на БРИКС да се обврзат дека нема да создаваат нова валута или да поддржуваат друга странска валута како замена за американскиот долар. Тој на социјалните медиуми предупреди дека ќе се соочат со царини од 100 отсто доколку го направат тоа.
„Бараме овие земји да се обврзат да не создаваат нова валута БРИКС или да поддржат која било друга валута за да го замени моќниот американски долар или да се соочат со увозен данок од 100 проценти“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
„Нека најдат други будали. Нема шанси БРИКС да го замени американскиот долар во меѓународната трговија, а секоја земја што ќе се обиде да го стори тоа ќе се збогува со Америка”, напиша Трамп.