Штипјанец ограбил црква
Од
Објавено на
На 30.11.2024 година во 11.40 часот во Кочани, по преземени мерки во врска со претходна пријава од истиот ден полициски службеници го лишиле од слобода О.С.(42) од Штип, поради тоа што околу 05.40 часот во верски објект црква „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани со употреба на физичка сила насилно влегол во службени канцеларии на објектот и одзел предмети и пари.
При извршен претрес над него предметите биле одземени и вратени.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.