Трамп оди во Париз, а можно е и Сиљановска: ќе се отвора катедралата Нотр Дам
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека во сабота ќе отпатува во Париз за да присуствува на повторното отворање на катедралата Нотр Дам, која беше тешко оштетена од пожар пред повеќе од пет години, што ќе биде негово прво патување во странство по победата на изборите. пренесува Јуронујз.
Трамп ја пофали работата на францускиот претседател Емануел Макрон за реставрација на катедралата на социјалната мрежа „Truth Social“, објави Ројтерс.
„Претседателот Емануел Макрон направи одлична работа за враќање на Нотр Дам во нејзиниот целосен сјај, па дури и пошироко. Тоа ќе биде многу посебен ден за сите“, напиша Трамп.
Нотр Дам повторно ќе биде отворен за туристите и верниците на крајот на оваа недела.
Покана за отворањето на катедралата има и македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова. На брифинг со новинарите рече дека се уште размислува дали да присуствува. Но и покрај ова, се очекува таа да отпатува за Париз.