Скопје

Дете со насилно поведение испразни две скопски училишта: психилог го брани, родители го напаѓаат, соучениците му свртија грб

Во две скопски училишта се бојкотира наставата поради ученик кој се однесувал насилно кон соученици. Бојкотот почна во центарското училиште „11 Октомври“, па продолжи и во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Аеродром, од каде детето било испишано. За детето имаше сведочења дека соблекол девојче во тоалет, пред наставничката, што ги налути родителите, чии деца учат во „11 Октомври“. Некои од родителите тврдат дека детето тепало соученици и со тврди предмети, се обраќало со вербални зборови. Според дел од кадарот во ова училиште, детето е несреќно затоа што учениците од поранешното училиште го одбегнувале.

Повеќе од 1.500 ученици денеска не се појавија на настава во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, по одлуката на Советот на родители за бојкот, додека не се реши проблемот со насилниот трето одделенец, но училиштето осамна со транспаренти за поддршка на ученикот.

„Издржи мали, со тебе сме!“ пишува на едниот транспарент распнат на оградата на училиштето, а на другиот може да се прочита порака „Малиот тука ќе учи!!!“

Во вирален пост на Фејсбук изнесена е реакција и видување на целата ситуација со детето поради кое ученици во две скопски училишта ја бојкотираа наставата. Психологот Мирјана Цветковиќ истакнува дека не познава „лошо“, ниту „проблематично“ дете.

-Познавам полетно и невино дете. Тоа верувало во другите, но наишло на предавство од нив, бидејќи се откажале од него, не намерно, само се штителе. А тоа имало еден сон, единствена желба! Да му веруваат дека е добро дете! И навистина било, но го заборавило начинот како да покаже. Со тек на време тоа станувало многу тажно бидејќи се’ повеќе му го свртувале грбот, но затоа што се штителе. Тоа допринесувало сѐ повеќе да се лути, а таа лутина го повредувало и него и другите. Сѐ повеќе се оддалечувале од него, а тоа повеќе се лутело. Но, не било виновно. Зарем има виновно ДЕТЕ, прашува психологот и додава дека однесувањето не ја сочинува личноста на целото дете, објаснува психологот Мирјана Цветковиќ.

Министерката за образование, Весна Јаневска, нагласи дека секое дете има право на образование и ако стручните лица препорачаат промена на средината, тоа треба да се реализира.

За проблемот се очекува да се изнајде решение на состанок во Министерството за образование кој неофицијално е закажан за денеска. Родителите со став доколку се реши проблемот учениците би се вратиле на настава веднаш.

На почеток