Триесет и пет дрва од видот „чинар“ покрај Охридското Езеро
„Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, беа засадени покрај Охридското Езеро со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица“, вели Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и додава:
Оваа акција ја спроведовме заедно со менаџментот и вработените од ТАВ Македонија и подружница на ТАВ Аеродроми. Во подготовката на теренот и садењето учествуваа и вработените од ЈП „Охридски комуналец“.
Садниците се донација од ТАВ Македонија како дел од нивната програма за корпоративна општествена одговорност, што ја поздравувам и се надевам дека во иднина оваа соработка ќе ја издигниме на уште повисоко ниво.