(Видео) По експлозија, се урна зграда во близина на центарот на Ден Хаг, луѓето се под урнатините
Трикатна станбена зграда делумно се урна во Хаг, по пожар и експлозија, соопштија пожарникарите кои трагаат по луѓе под урнатините.
Службите за итни случаи бараат луѓе и се борат со пожарот“, соопштија од градската противпожарна служба.
Спасувачите не знаат колку луѓе се уште се под урнатините, ниту пак што можело да ја предизвика експлозијата во оваа зграда која се наоѓа недалеку од центарот на градот.
Како што јави локалниот медиум Regio15 спасени се неколку лица.
Четири лица повредени во експлозијата се пренесени во болница, соопштија пожарникарите.
Градоначалникот Јан ван Занен го посети местото на несреќата за да ги координира напорите за спасување, според Regio15.
Се чини дека неколку ката од зградата биле уништени во експлозијата, според Регио15.
На првата снимка од местото на настанот што ја објави јавниот канал НОС се гледа како неколку десетици пожарникари се борат со пожарот.
Den Haag – Aan de Tarwekamp in Den Haag woedt een zeer grote brand. De brandweer is op zoek naar mensen onder het puin, zegt de Veiligheidsregio.
Er zou grip 2 zijn afgekondigd, wat betekent dat uit de wijde omtrek hulpdiensten ter plaatse gaan. pic.twitter.com/Yl5itOsWIU
— Symphony (@Symphony_res) December 7, 2024