Охрид

Предупредување стигна од Охрид: Затворена и планинска куќа поради лошите метео услови

ФОТО Илустрација

Во пресрет на претстојниот продолжен викенд, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид ги предупредува сите љубители на планите и снежните авантури, за особено лошите услови кои ќе владеат на повисоките планини, со континуирани врнежи од снег проследени со умерен до засилен ветар, што значително ќе влијае на видливоста и навигацијата во високите зони од планините.

„Особено треба да бидат внимателни сите оние кои планираат да го посетат Национален парк Галичица, преку регионалниот пат Охрид – Отешево, кој токму поради својата експозиција и надморска висина е затворен за сообраќај. Превојт на овој патен правец е целосно непрооден (може да се види на приложените фотографии) со навеви од снег поголеми од 2м настанати уште со претходните снежни врнежи, а во претстојните денови се очекува значително влошување на ваквата состојба.

Во оваа прилика исто така сакаме да споделиме и дека Планинска куќа Спиридон – Mountain hut Spiridon на Галичица, нема да биде отворена за посетители, токму поради лошите метео услови кои се најавени за претстојниот викенд.

До оние најупорните, апелираме да бидат особено внимателни во планирањето на свиоте активности, строго да се придржуваат до правилата за безбедност во зимски услови на планина и доколку не се соодветно подготвени и опремени, истите да ги одложат за некој седен викенд. Зимата календарски сеуште не е започната и веруваме дака ќе има многу убави денови за уживање во снежните авантури, во многу попријатни метеоролошки услови од овие кои се предвидуваат за претстојниот викенд“, велат оттаму.

На почеток