Две апсења во Тетово
На 06.12.2024 во 10.15 часот полициски службеници од СВР Тетово во кругот на фабрика во Тетово, го лишиле од слобода Ш.С.(24) од с.Требош, тетовско, поради основи на сомнение дека е извршител на кривично дело „кражба“ на околу три тона котури со железо, кривично дело кое било пријавено истиот ден околу 08.55 часот од А.О., вработен во градежна компанија.
На 06.12.2024 во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Штипска” во Тетово го лишиле од слобода В.Ф.(37) од с. Горно Палчиште, поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело „тешка кражба“, извршено во текот на минатата недела во угостителски објект во с.Пирок, каде биле украдени пари.
Двајцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против нив ќе следува соодветен поднесок.