Коментари

Имињата на „црната листа“ се пораз за нас, со оглед кој раководел и одлучувал за нашите животи, вели Туфегџиќ

Адвокатот и поранешен судија, Владимир Туфегџиќ, го искоментира дополнувањето на американската „црна листа“ со две нови имиња – Артан Груби, поранешен вицепремиер на Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд.

„Имињата на функционерите ставени на “Црната листа” на САД се пораз за нас како општество и држава во смисла на тоа кој се раководел и одлучувал со фискална мотивација за нашите животи“, напиша Туфегџиќ.

Судијата Енвер Беџети беше фатен како 9 месеци го држи во фиока предметот на Сашо Мијалков за масовното прислушуавње. Груби пак, извршуваше високи функции во Владата на СДСМ и ДУИ.

„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“ стои во известувањето на Стејт департмент.

На почеток