Македонија

Нови цени на горивата

Од ноќеска на полноќ дел од горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за еден денар за литар, додека поевтинување за половина денар има кај бензинот БС-98.

Од полноќ литар бензин БС-98 ќе се продава за 78 денари за литар, а дизелот за 70 денари.

Цената на литар бензин БС-95, како и на екстра лесното масло за домаќинство, не се менува и таа останува иста.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,517 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и ќе се продава за 45,775 денари за килограм.

На почеток