Македонија

Знаците на живот се враќаат во Дамаск

Откако бунтовниците го зазедоа Дамаск и претседателот Башар ал Асад побегна од Сирија, знаците на живот се враќаат во Дамаск. Многу продавници и ресторани сега се отворени во центарот на градот, но државните бензински пумпи се уште се затворени.

Жителите за Би-Би-Си изјавија дека чувствуваат еуфорија.

– Сега можеме да зборуваме гласно без страв. Како сега многу полесно да дишеме, велат тие.

Но, многумина не се среќни. Некои семејства дојдоа во Дамаск да ги бараат најблиските кои исчезнале во изминатата деценија.

– Властите во 2013 година го ставија мојот внук во автомобил и го одведоа. Оттогаш немаме слушнато со него, изјави еден човек кој дојде од Идлиб по повеќе од 10 години.

На почеток